Цветков: Работиме максимално за санирање на штетите од поплавите

Од:

Се прибираат информациите за настанатите штети од излевањето на реките по обилните врнежи што деновиве ја зафатија Македонија. Општинските комисии потоа ќе ги достават до Владата, а ние ќе постапиме согласно законските прописи. Најважно е дека ќе им помогнеме на сите оние на кои тоа им е најнеопходно, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Одговарајќи на новинарско прашање по денешната промоција на проектот за подготовка на Платежната агенција за акредитирање за нова ИПАРД мерка, Цветков напомена дека причина за излевањето се обилните врнежи, независно колку се исчистени каналите.

– Мора да бидеме реални. Не е проблемот што не се исчитени каналите, туку што има обилни дождови. Решавањето на ова прашање бара средства и време.  Владата во овој правец ќе вложи максимални напори за да помогне. Поплавите не се случуваат само во Македонија, туку воопшто и во соседството, но и во САД. Тоа се природни појави кои не можеме да ги контролираме, но можеме да помогнеме, нагласи министерот.

Тој информира дека веќе е даден налог за чистење на одреден потег кај Црна Река.

– Согласно Програмата годинава ќе бидат исчистени 140 километри каналска мрежа од кои околу 15 километри се во Пелагонија. Оваа активност на Министерството ќе се реализира според предвидената динамика, како и секоја година, потенцира Цветков.

Во врска со евентуално порано исплаќање на субвенциите поради поплавите, министерот рече дека допрва ќе се разговара откако претходно ќе се согледа состојбата во целост. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски