ЦУК: Во Дебар се затвораат сите институции и економски субјекти освен продавниците, аптеките, болниците…

Од:

Во Дебар и Центар Жупа се затвораат сите институции и економски субјекти освен продавници и производствени капацитети за храна, бензиски пумпи, аптеки, болници.

Банките, комуналните служби и пошта ќе работат по скратено работно време.

Ова е еден од заклучоците на состанокот на Главниот штаб на Центарот за управување со кризи во врска со кризната состојба во општините Дебар и Центар Жупа со цел справување на ширењето на коронавирусот.

На состанокот бил донесен и заклучок со кој се забранува излегување на населението од кризното подрачје, освен во случај на животозагрозувачка состојба со возило на Итна медицинска помош и потврда од овластено лице од Минизтерство за здравство, а лицата од Дебар и Центар Жупа затекнати надвор од кризното подрачје можат да се вратат во своите домови.

Седницата, како што информираат од Центарот за управување со кризи, ја водел директорот на ЦУК Агрон Буџак, а покрај членовите на Главниот штаб присуствувале претставникот од Министерството за труд и социјална политика Дејан Ивковски,  претставникот на МЖ Транспорт Саша Јовановски, директорот на ДСЗ и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Активни се четири пожари, два се под контрола, а изгаснати се 23 пожари

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Под контрола се пожарите во „Вардариште“, на Кожуф, во „Јасен“ и кај Никуштак

Горан Наумовски

ЦУК: Граѓаните денеска ќе добијат тест-СМС порака

ЦУК: Активен е само еден пожар на отворен простор

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта