ЦУК: Шумскиот пожар во планината помеѓу селата Вапила и Расино е се уште активен

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно добиените информации од Регионалните центри за управување со кризи од градовте во државата, регистрира дека утрово има еден активен пожар и 20 изгаснати за последното деноноќие.

„Шумскиот пожар во планината помеѓу селото Вапила и селото Расино е се уште активен.

Гори деградирана шума, досега се опожарени околу 12 хектари површина. ТППЕ – Охрид и денес се на терен со едно противпожарно возило и шест пожарникари. Од утрово од 05,00 часот на терен се вкупно околу 50 луѓе. Пожарот гори на три страни и се прават напори за негово обиколување, но поради тешкиот терен гасењето оди отежнато“, соопшти ЦУК.

Пожарот кај селото Фурка нема активно горење и е локализиран во 19 часот. На терен се останати екипи на ДЗС, а другите се повлечени.

Во текот на денот ќе се изврши контрола на опожарената површина за проверка на местата од каде што се уште има чад.

Кај селото Добрашинци, Општина Василево, имало интервенција на депонија во време од 21.10 до 00.10 часот со 1 пожарникар со 1ПП возило.

Кај селото Јурумлари – Гази Баба е интервенирано за запалени отпадоци (ѓубре), при што биле ангажирани 2 ПП возило и 4 пожарникари од 15.00 до 16.10 часот.

Кај Градско за запалена сува трева, е интервенирано со 1 возило со 2пожарникари од 14,30 до 15,00 часот на површина од 7 декари.

Кај село Виничани, е интервенирано за запалена сува трева 1 возило со 6 пожарникари 18.11 до 19.20 часот на површина од 6 декари.

Кај светиниколската месност „Ливади“ е интервенирано за запалена сува трева, со 2 пожарникара со 1 ПП возило од 12.50 до 13.10 часот на површина 50м2.

Кај село Теарце е интервенирано за запалена сува трева со 1 возило со 2 пожарникари.

Кај с.Велестово е интервенирано за гаснење запалена куќа со 1 пп возило и 3 пожарникари.

Кај село Другово е интервенирано за гаснење запалена куќа и плевна со 8 пп возила и 15 пожарникари од 08.35 на 08.08.2022 до 02.00 часот на 09.08.2022

Кај село Крстоар е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 17,50 до 20,00 часот.

Во населбата Доброшане изгорела 1 штала, при што за да не се прошири пожарот е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 12:45 до 13:50 ч.

Во близина на автопат кај с.Табановце е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 2 пожарникара од 12.20 до 12.50 часот.

Во местото „Стари Лозја“ изгорела 1 куќа, а е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 11.25 до 13.10 часот.

Кај село Брзак е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 17.50 до 20.10 часот.

Кај село Никуштак е интервенирано за гаснење сува трева и борова шума со 1 ПП возило и 4 пожарникари од 21.20 до 23,00 часот на површина од два (2) хектара.

Кај село Макреш е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 2 пожарникара од 12.10 до 14.30 часот.

Кај село Луке е интервенирано за гаснење запалена ниска вегетација и насади со овошки (сливи и јаболки) со 1 ПП возило и 4 пожарникари од 14.30 до 17.30 часот на површина од 1,5 декар.

Кај село Псача е интервенирано за гаснење запалена сува трева со 1 ПП возило и 5 пожарникари и 7 лица од месното население од 13.10 до 14.30 часот на површина од 8 декари.

Во Општина Бутел е интервенирано за гаснење сува трева на површина од 100 м2 со 1 пп возило и 3 пожарникари од 22.15 до 23.15 часот.

Во Општина Шуто Оризари е гасена запалена депонија со 1 пп возило и 3 пожарникари од 01:50 до 03:05 часот на површина од 30 м2.

Би можело да ве интересира

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Пожарот над тетовско Селце надминува два километри линија на оган, пожарната и НП апелираат за помош од државните институции