ЦУК: Се трага по лицето кое се фрли во водите на Вардар

Од:

Тим од специјалните сили на Министерството за внатрешни работи со нуркачи, чамци и специјална опрема е вклучен во потрагата по лицето кое утрово од мостот „Близнак” се фрлило во реката Вардар. Потрагата се врши по течението на речното корито на реката Вардар кај мостот „Близнак” на булеварот „Србија” и низводно.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), од нивниот дежурен оперативен центар е остварена комуникација и координација со Генералниот секретар на Црвенот крст на Град Скопје. Договорено е доколку лицето не биде пронајдено во текот на денешниот ден, Црвениот Крст во текот на утрешниот ден, рано наутро да испрати свои тимови, најверојатно два тима, со опрема и возила за да вршат пребарување на теренот по течението на реката Вардар, лево и десно низводно долж речното корито.

Утрово во 6 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од мостот „Близнак” на булевар „Србија” се фрлило во речното корито на Вардар.

На местото излегле екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје и екипи на МВР кои, како што се наведува, преку Центарот за управување со кризи побарале подршка и ангажирање на специјализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Отстранета опасноста oд локално поплавување во Неготинско

Горан Наумовски

Голема потрага по жена која скокна во Вардар

Горан Наумовски

Прекината е потрагата по лицето кое утрово скокна во водите на реката Вардар

Горан Наумовски

Се трага по лице кое се фрлило од мостот „Близнак“ во Скопје

Горан Наумовски

Тело на битолчанец е пронајдено во водите на Преспанското Езеро

Горан Наумовски

Недановски: Вардар е подготвен за Суперкупот