Македонски турист е спасен во Грција

Од:

Седумдесетгодишен турист од Македонија е спасен во последен момент откако изгубил свест додека пливал во морето во Неи Пори, Грција.

Благодарение на брзата реакција на дежурниот спасувач, избегната е трагедија.

Спасувачот веднаш забележал дека туристот е во неволја и без одлагање влегол во морето, по што успеал безбедно да го извлече туристот на брегот. На местото на настанот му била укажана прва помош и му бил даден кислород, по што мажот почнал да покажува знаци на закрепнување и повторно се освестил. Според грчките медиуми, по стабилизирањето на неговата состојба, туристот е пренесен во болница за дополнителни прегледи и медицински надзор. По два дена поминати во болничка установа, лекарите констатирале дека неговата здравствена состојба е стабилна, по што бил пуштен на домашно лекување.

Случајот уште еднаш ја потврдува важноста на присуството на обучени спасувачки екипи на туристичките плажи, чија навремена интервенција може да спаси човечки живот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот