ЦУК: Потребна е меѓународна помош за справување со пожарите

Од:

Кооринативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари на денешната седница во Центарот за управување со кризи ја разгледа моменталната состојба со пожарите во регионот на општина Македонски Брод и донесе заклучок со кој се предлага Владата, преку Управувачкиот комитет, да започне активности за барање меѓународна помош од странство за поддршка од воздух.

– Кооринативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари, по разгледување на состојбите и можностите на ресурсите и непристапноста на теренот, предлага преку Управувачкиот комитет, Владата на РМ да започне активности за барање меѓународна помош од странство за поддршка од воздух на билатерална основа, се наведува во соопштението од ЦУК.

Координативното оперативно тело, се додава, согласно расположивите податоци и анализи, заклучи дека со пожарите во реонот на Македонски Брод успешно се справуваат во смисла на заштита на населените места, но дека е потребен натамошен ангажман на ресурсите на расположивите субјекти.

Од ЦУК информираат дека Кооринативното оперативно тело ја споделило препораката од Групата за процена и презело задолжувања за преземање мерки од страна на институциите за подигнување на будноста заради намалување на, како што наведуваат, несовесното и намерното предизвикување пожари, со посебен акцент за претстојниот празник.

На седницата на Кооринативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари присуствуваа претставници од Центарот за управување со кризи, Инспекторатот за шумарство и ловство, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонски шуми“, ЈП за стопанисување со пасишта, ЗЕЛС и Министерство за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево

Активни се шест пожари на територијата на Македонија