ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, два се ставени под контрола, а 11 се целосно изгаснати.

Активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на месноста Стојанова Населба, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај селото Герман во Општина Ранковце, каде што е зафатена ниска вегетација.

Во текот на денот целосно се изгаснати 11 пожари на повеќе локации низ државата, и тоа во општините Желино, Гостивар, Виница и Зрновци, Битола, Прилеп, Долнени, Липково, Кратово, Неготино, Кавадарци и Карпош.

Пожарите зафатиле претежно ниска вегетација, стрништа, грмушки, диви депонии, како и слама и отпад, а благодарение на навремените интервенции на противпожарните екипи, спречено е нивно понатамошно ширење.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија