ЦУК: Девет пожари се активни, под контрола се четири

Од:

Центарот за управување со кризи извести дека до седум часот во Македонија се регистрирани вкупно 63 пожари, од кои девет се активни, под контрола се четири, еден е локализиран и изгаснати се 49 пожари.

Активни пожари има во:
1. Чучер Сандево – Блаце (ниска вегетација)
2. Шуто Оризари – с. Визбегово (депонија)
3. Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума)
4. Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки)
5. Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“)
6. Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума)
7. Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума)
8. Чашка – под Солунска Глава, м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест дел)
9. Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)

Локализиран е еден пожар:
1. Кочани – м.в. Бабиште, помеѓу с. Јастребник и с. Полаки (ниска вегетација и мешана шума)

Пожари под контрола се четири пошари во:
1. Делчево – Градска депонија „Острец“
2. Виница – с. Драгобраште (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
3. Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаково (борова, дабова и багремова шума)
4. Желино – с. Ларце – различна локација (мешана шума)

Изгаснати пожари се 49 пожари и тоа во:
• Скопски регион: Гази Баба (Смилковско), Шуто Оризари, Куманово (11 локации), Чучер Сандево
• Пелагониски регион: Прилеп (7), Битола, Могила, Крушево (2)
• Вардарски регион: Велес (5), Кавадарци, Росоман
• Источен регион: Кочани, Виница, Делчево, Пробиштип (3), Чешиново-Облешево
• Североисточен регион: Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане (2)
• Југоисточен регион: Радовиш, Ново Село, Дојран
• Повардарски регион: Свети Николе (3)
• Полошки регион: Желино (2), Теарце, Гостивар, Јегуновце

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река во близина на Хераклеја

Паднати бандери и дрвја, оштетени автомобили – проблеми во Скопје поради ветерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава