ЦУК: Брзо е пронајден планинар кој се изгубил кај Мрежичко на Кожуф

Од:

Денска, во 13.15 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, е добиена пријава за изгубено лице на планината Кожув, во близина на местото Мрежичко.

Лицето било планинар од Скопје, кој претходната ноќ ја преспал во планината, но поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубил ориентација и решил да побара помош од службите, извести ЦУК.

„Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), беа известени СВР Велес, ОВР Кавадарци, Гранична Полиција „ЈУГ“ Итна Служба, како и Општина Кавадарци и градоначалникот на Кавадарци, г-дин Митко Јанчев.

Во 14 часот, лице од општината во Кавадарци кое го познавало теренот, стапило во контакт со залутаното лице и по кратко време го пронашол и со теренско возило го однел до безбедна куќарка во близината каде што бил згрижен,

Потоа од страна на граничната полиција “ЈУГ“ лицето е транспортирано до градот. Оваа брза и координирана интервенција резултираше со успешно пронаоѓање на лицето, благодарение на тимскиот пристап и професионалноста на службите во Системот за управување со кризи (СУК). Особен придонес, со личниот ангажман и вклученост во потрагата, даде градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, како и со ангажирање на локални ресурси и ефикасна координација меѓу институциите“, велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Потрага кај Омиш: Исчезна 34-годишна државјанка на БиХ за време на големиот пожар

Левица: Власта ги одби амандманите за прогласување на Кожуф и Огражден за заштитени подрачја

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

Кривична пријава против седум лица поради „местење“ на фудбалскиот натпревар ФК „Кожуф“- ФК „Башкими“, едно лице лишено од слобода

Екологисти од Кавадарци против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф

Голема потрага по младиот Диме Стојамиров од селото Тремник

Горан Наумовски