Потрага кај Омиш: Исчезна 34-годишна државјанка на БиХ за време на големиот пожар

Од:

Хрватската Горска служба за спасување (HGSS) започна потрага по странска државјанка која исчезнала на подрачјето на Омиш за време на големиот пожар.

На терен се околу 20 припадници на HGSS од Сплит, кои обезбедуваат логистичка поддршка на Штабот за цивилна заштита и на останатите служби.

Потрагата е насочена кон подрачјето околу возилото од кое жената се оддалечила пред да исчезне.

Полицијата потврди дека станува збор за 34-годишната Драгана Антешевиќ, државјанка на Босна и Херцеговина.

Таа е висока 165 сантиметри, со средна телесна градба, црна коса и кафени очи. Има овално лице, мал нос и мали уши, а носи обувки со број 37-38.

Нејзиното исчезнување било пријавено откако пожарот, кој во ноќта на 13 август го зафатил подрачјето на Омиш, стигнал и до Станичи.

Според досегашните информации, во автомобилот се наоѓале три лица, а едно од нив е тешко повредено.

Спасувачите детално го пребаруваат теренот околу местото каде што било возилото, додека потрагата продолжува.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ и Николиќ ќе мора да ги напуштат државните вили на Дедиње по промената на власта во Србија

Предраг Петровиќ

Нови тензии во БиХ: Повторно се отвора прашањето за поделба на државата

„Ова го правам за граѓаните“: Вучиќ во Собранието пушти снимка од сопругата на „Веља Невоља“ за да се огради од него

(ВИДЕО) Јогурт врз пратеничка пред српското Собрание: Србија ги смени властите, но не и политичките навики

Предраг Петровиќ

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници