До вечерва до 19 часот, како што информираат од Центарот за управување со кризи, активни се пет пожари, а еден е ставен под контрола. Изгаснати се 20 пожари.
Активен е пожарот на Планина Мукос, село Степанци и месноста викана Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени. Гори мешана шума.
Пожар има и кај селото Црвена Вода, во месноста викана Крста, во Општина Студеничани, каде е опожарена ниска вегетација и нискостеблеста шума, додека меѓу селата Љубош и Горно Количани гори ниска вегетација.
Активни пожари има и во Маркова Сушица, во Сопиште, каде гори мешана вегетација. Во Општина Кривогаштани има пожар на потегот село Средоред – село Вранче – село Кривогаштани, каде горат стрништа и сува трева.
Под контрола е пожарот на планината Галичица, каде има чадење во внатрешноста.
ЦУК информира дека се изгаснати 20 пожари и тоа во:
1. Општина Дебар 1: с.Татар Елевци (мешана дабова шума и сува трева);
2. Општина Дебар 2: с.Могорче (депонија);
3. Општина Битола 1: кај Тунелот (ѓубре и сува трева);
4. Општина Битола 2: кај Тунелот (ѓубре и сува трева);
5. Општина Демир Хисар: с.Сопотница (ѓубриште);
6. Општина Лозово: с.Дурфулија – с.Кратманово – с.Кишино (млади борови);
7. Општина Ново Село: Депонија (ѓубре);
8. Општина Желино: с.Мерово (сува трева);
9. Општина Боговиње: с.ЖЕровјане (сува трева);
10. Општина Врапчиште 1: с.Врановци (ниско стеблеста шума, сува трева, отпад);
11. Општина Врапчиште 2: с.Сенокос (шума и сува трева).
12. Општина Маврово-Ростуште: с.Требиште (стрништа и сува трева);
13. Општина Струга 1: с.Драслајца (сува трева);
14. Општина Струга 2: с.Добовјани (сува трева);
15. Општина Ѓорче Петров: нас.Ѓорче Петров (сува трева);
16. Општина Бутел: с.Визбегово, Качанички Пат (сува трева и магацина за градежен материјал);
17. Општина Кисела Вода: ул.Трета Македонска Бригада – помеѓу пругите кај Тутунски комбинат (сува трева и монтажни објекти на Македонски железници);
18. Општина Чучер Сандево: кај Аеродром Стенковец (сува трева);
19. Општина Штип: помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали (нискостеблеста шума и сува трева);
20. Општина Ранковце: с.Ранковце (нискостеблеста шума и сува трева).