Црвенковски се сретна со високи претставници на Европската комисија

Од:

Европската комисија има позитивни очекувања и смета дека паралелен процес на преговори за пристапување во ЕУ и преговори за решавање на спорот со името може да ги придвижи работите и да ја натера владата да се фокусира на ЕУ агендата со засилена работа на посочените приоритети.

ЕК верува дека придвижувањето на процесот во следната фаза, освен што ќе ја притисне владата да спроведува реформи, ќе го намали и ризикот од враќање на националистичките теми. Воедно, датумот за преговори, според ЕК, ќе помогне да се создадат услови за решавање на спорот со името во рана фаза на процесот на пристапување.

Ова било истакнато на денешната средба на Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски со високи претставници на Европската комисија, со генералниот директор на Генералниот директорат за проширување на ЕК, Стефан Санино и шефот на Одделот за Македонија во Директоратот, Дејвид Кален.

Високите претставници на ЕК изразиле надеж дека на претстојниот Самит на ЕУ во декември ќе се придвижи процесот на евро интеграција на Република Македонија. Клучно прашање ќе биде дали Македонија ќе добие датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ.

– Претседателот Црвенковски истакна дека СДСМ како политичка партија ќе продолжи со својата конструктивна политика на планот на исполнување на реформите за членство на Македонија во ЕУ. Во таа насока, Црвенковски посочи дека СДСМ ќе го поздрави секој напредок на Република Македонија. Високите претставници на Европската комисија ја поздравија конструктивната улога на СДСМ и оценија дека таа е од исклучителна важност за Република Македонија особено поради тоа што напредокот на земјата кон ЕУ е заложба на сите граѓани, на целото општество а не на одделни влади или политички партии, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната