СДСМ прес конференција одржа во непосредна близина на дел од магистралниот пат во близина на хидросистемот за наводнување изграден, како што потсети лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, во време на СДСМ.
„Во време кога владата ја предводеше Социјалдемократскиот сојуз се инвестираше во магистрални патишта, нивно проширување, нивна изградба, се инвестираше во пумпните станици, проширување на мрежата за наводнување и на тој начин се создадоа многу подобри услови за земјоделското стопанство, поквалитетен род, поквалитетни резултати од трудот на вредните земјоделци во Тиквешијата. Зад нас е и регионалниот пат Кавадарци – Росоман изграден во 1994 година, во еден многу тежок период, не во услови на некаква криза од некаде, туку во услови каде што бевме блокирани од сите страни, допрва создававме држава, имаше ембарго на јужната граница, санкции на северната. И во такви услови изнајдовме можности и финансиски средства за да се изгради овој пат. Граѓаните добро знаат колку значи овој пат за овој крај“ рече Црвенковски
Ние, рече нЦрвенковски,n е инвестиравме во споменици, во фонтани, во скулптури и сметам дека ова е најмалку периодот во кој треба да се вложува и мисли на такви работи.
СДСМ викендов се во кавадаречко, а на утрешниот митинг ќе биде промовиран Бетиан Китев за кандидат за градоначалник на Кавадарци