Црвенковски: Преминувањето на ОМ во ВМРО-ДПМНЕ е смешна реприза

Од:

Лидерот на СДСМ за вчерашното „преминување“ на ОМ во ВМРО-ДПМНЕ рече дека е една лоша, смешна, по малку и трагична реприза на она што претходно го гледавме со Марјан Додовски.

„И тогаш се прогласи дека згаснува ВМРО Народна, дека повеќе не постои и на крајот се покажа дека десетина луѓе биле буквално купени, корумпирани за да прејдат во ВМРО-ДПМНЕ. Партијата останува и понатаму да функционира. Како што можам да заклучам, се уште е поцврста решеност да се води битката против Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Истото се случи и вчера.

– Повторно оваа власт покажува дека се наоѓа во една нервозна, панична фаза. Изјавата на госпоѓата Бошковска на најдобар начин покажува до кое ниско ниво, дно, дошол Груевски кога мора со стотици илјади евра да купуваат поединци за да им искажат јавно поддршка и лојалност, наспроти два милиони луѓе кои што страдаат секој ден. И ова со Наталија Ивчева ќе заврши како со Марјан Додовски.

– Јас претпоставувам дека и во наредниов период ќе има такви обиди. Пари нема да штедат, со притисоци нема да запрат, ќе се закануваат, ќе корумпираат, но не можат да ја купат душата на два милиони луѓе“, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски