Црвенковски оставил обичен лист без печат во емисијата x/o

Од:

Документот што го оставил Бранко Црвенковски во емисјтата x/o е лист хартија на кој нема никаков печат или класифицирана назнака. Листот на кој се напишани некои од предлозите за името на државата, а кој СДСМ и јавно го објави, преку новинарот Роберт Поповски е предаден кај надлежните институции, јави Алфа телевизија. Новинарот Роберт Поповски за Алфа потврди дека дал изјава во Дирекцијата за класифицирани информации.

„Според нивните сознанија дека тој наликува на оној документ кој го имаат сите медиуми, веројатно си направиле своја анализа и дека овој документ не стои никаде дека е од посебно значење, дека е класифициран документ, дека стои на него дека е државна тајна. Ова не им беше зналајно многу во нивната истрага“, изјави Поповски за Алфа.

Изјавата дадена во дирекцијата ќе ја користи и јавното обвинителство. Очекувано е Поповски да не биде повикан од јавен обвинител со оглед дека листот нема назнака „државна тајна“ и дека обвинителството е можно да се откаже од понатамошна истрага затоа што листот на Црвенковски е објавен и анализиран уште пред 7 години.

За разлика од документот на Црвенковски, документот што го објави државната МИА има и печати и класифицирани назнаки.

„Скопскиот јавен обвинител очекува денеска до утре агенцијата да му го достави документот. Со оглед дека телевизискиот документ станува депласиран, можно е да нема одговорност за Црвенковски“, соопштија од Алфа телевизија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?