Црвенковски и Георгиевски: За Александров имаме разлики, но не и за Груевски

Од:

„Чувствуваме обврска поради погрешните и погубни политики на власта, тоталниот економски дебакл, долговите и апатијата суспендирањето на демократијата и комплетната меѓународна изолација, да ја интензивираме соработката“.

Вака како што и самите признаваа, жестоките политички противници кои некогаш водеа тешки политички битки, Црвеновски и Георгиевски ја оценија денешната средба и натамошната соработка. Сметаат дека средбата дава основи за оптимизам за интензивирање на соработката и можно формирање предизборна коалиција. Потсетија-„сме имале разлики ама сме соработувале и во 1991 година за Уставот и референдумот, и во 2001 година кога на Македонија и се закнуваше војна“.

Она што ги спојува е Груевски, а разликите како онаа за Тодор Александров, остануваат.

Отворени се и имаат желба и за соработка и за вклучување на албанска политичка партија, а принципот по кој што работат е за разликите да не дискутираат, туку за она што ги спојува. И на оваа и на претходните средби никој не поставувал услови. За таква соработка, без условување се подготвени и сакаат да разговараат со албански политички субјект.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО