(ВИДЕО) Црвенковски: Доколку власта не обезбеди фер услови нема да учествуваме на локалните избори

Од:

ЦО на СДСМ на денешната седница, донесе одлука доколку власта не ги вметне во изборниот законик, препораките на ОБСЕ/ОДИХР, доколку не го прочисти избирачкиот список, СДСМ на претстојните локални избори нема да учествува.

„Овој наш став благовремено го соопштуваме на три и пол месеци пред изборите, па секој има време да се преиспита и соочи со сопствената одговорност за сите последици и за земјата и за демократијата во земјата“, изјави Црвенковски.

Црвенковски и порача на власта дека овој пат нивната политика за одолговлекување, а потоа ставање пред свршен чин, како пред парламентарните избори 2011-та, нема да помине.

Посочи дека предлогот на СДСМ за измени во изборниот законик, во кој се вградени исклучиво препораките на ОБСЕ/ОДИХР е на актуелната собраниска седница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците