Црвениот крст подели над 1.200 пакети со храна и хигенски продукти на семејства во Гостиварско

Од:

Општинската организација на Црвениот Крст Гостивар изминативе две недели распределила над илјада и двесте пакети со храна и хигиенски препарати на социјално загорзени семејства во три општини во гостиварскиот регион. Волонтерите на организацијата помагаат и во набавка на лекарстава на лицата кои не се во можност да ги напуштат домовите.

Набавката на потребните производи во голема мера е овозможена од локалните компании и поединци кои излегле во пресрет на барањата на Црвениот Крст.

– Од почетокот на кризата, нашата органзиација доби поголема количина на хуманитарна помош, пред сé од фирми и поединци. Тоа во значителна мера им помогна на социјално загрозените семејства за истраат во време на кризата, изјави Мерита Алили претседател на ОО Црвен Крст Гостивар.

Волонтерите до денеска дистрибуирале 713 пакети со храна 500 пакети со хигиенски препарати, кои можат да ги задоволат потребите на едно семејство за две недели. Халили нагласи дека во според најавите ќе има и дополнуавње на залихите, со оглед на зголемениот интерес за донирање.

Покрај помошта која досега е дистрибуирана, во магацините на Црвениот крст има околу 600 пакувања храна и хигиена, кои ќе бидат дистрибуирани во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он