Црвениот крст на Македонија ќе биде прво сертифицирано национално друштво, најуспешно меѓу 50 во Македонија, информира денеска на прес-конференција Милчо Трајков претседател на Општинската организација на Црвен крст – Велес.
Процесот на сертификација, според Трајков, траел три години, во конкуренција со 189 национални друштва од Македонија, а го правела Меѓународната федерација.
– Тоа не значи дека ние сме најбогато национално друштво, ниту пак имаме најголеми капацитети, тоа значи дека сме во состојба најдобро да помогнеме во средината каде делуваме при одредени потреби на населението од нас, потенцира Трајков.
Црвениот крст на Македонија во земјава располагаа со 3.437 активни волонтери и 7.837 членови. Формирани се 35 клубови на млади со 1.664 членови. Во Велес има 180 активни волонтери, од кои 50 се во Клубот на млади.
Под мотото „Чекориме заедно“, а по повод 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст, Општинската организација од Велес утре и во наредните денови ќе одржи дукативни предавања и дисеминациски сесии за значењето на Црвениот крс во повеќе велешки училишта.