Црвениот крст ги објави броевите за достава на производи за стари лица, самохрани родители и хронично болни

Од:

Во 15 градови Црвениот крст формирал мобилни тимови кои се активни секој ден и чија задача е да вршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните лица, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани.

Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош. Сервисната услуга што ја обезбедуваат мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите или лековите кои ќе треба да им се набават.

Целта на оваа активност е да им се овозможи поддршка на лицата на која таа им е најнеопходна, со што тие нема да имаат потреба да ги напуштаат своите домови и на тој начин да се намали ризикот од инфицирање со вирусот Ковид-19 (коронавирус).

Дополнително се врши дистрибуција на хуманитарна помош за бездомници и се спроведува кампања за подигање на свест преку дистрибуција на постери за промоција на хигиена и заштита од корона вирус

„Сакаме да се заблагодариме на сите граѓани за довербата и сета поддршка која ја добиваме како и за интересот за вклучување во нашите активности во овие тешки времиња“, велат од Црвениот крст.

Би можело да ве интересира

Црвен крст: Собравме 102 милиони денари, извршена е исплата на сите семејства кои требаа да добијат помош

Канцеларијата на Црвениот крст во Газа е оштетена од проектили

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците