А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Црвен крст со четири тима за справување со топлинските бранови

by А1он27/06/2017 - 13:33141
Share0

Црвениот крст на град Скопје, со поддршка на град Скопје подготви акциски план за теренски активности за справување со евентуални топлински бранови. По четири мобилни томови од утре до петок од 11 до 17 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, се наведува во соопштението од Црвениот крст.

За активностите во наредниот период, ќе бидат ангажирани 40 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 10 волонтери од Тимот за спасување на планина и пет возила од кои четири ќе патролират низ градот, а две за време на викенди ќе бидат дежурни на Планинско спасителните станици Водно и Матка.

Тимот за спасување на планина при Црвен крст на град Скопје како и секоја година така и оваа активно се вклучува во активностите околу превенирање и намалување на штетите предизвикани од топлотниот бран и пожарите. Волонтерите од тимот, преку пропагандниот материјал ќе влијаат на свеста на граѓаните и нивните навики кога се движат низ планинските предели и во соработка со Шумска полиција од 1 овој месец до крајот на август се активни во давање совети како да се заштитат од топлотнитиот бран и да им укажат Прва помош доколку е потребно.

Следете a1on на Youtube YouTube
crven krstskopjevreme

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Горан Наумовски26/08/2026 - 12:09

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски21/08/2026 - 12:2921/08/2026 - 14:57

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски19/08/2026 - 13:3419/08/2026 - 14:40

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Горан Наумовски18/08/2026 - 14:58

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Предраг Петровиќ13/08/2026 - 20:20

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

Горан Наумовски09/08/2026 - 16:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео