Црвен крст-Охрид го демантира Денесоски: Ниту сме барале, ниту сме наплатиле пари од Охрид за волонтерска служба

Од:

Претседателот на Црвениот крст-Охрид, Сашо Точков, ги демантира наводите на Сашо Денесоски кој себе се претставува како координатор во вакциналниот пункт во Охрид, кој кажа дека волонтерската организација барала средства за да ги ангажира вработените во процесот на вакцинација. Точков тврди дека Црвен крст-Охрид не наплатил ниту 400 илјади денари за волонтерската работа за доставување на храна на болни од ковид-19, за време на епидемијата.

Демантот од Црвен крст-Охрид за наводите на Денесоски, ви го пренесуваме во целост:

1.Црвен крст Охрид не добил никакво барање, ниту пак било кој негов претставник не бил повикан од страна на Градоначалникот на Охрид за ангажирање во региналниот вакцинален пункт во СРЦ Билјанини извори во Охрид. Екипи на Црвен крст Охрид во координација со Здравствен дом Охрид од 5 април 2021, кога и почнува вакцинирањето против Ковид-19 во Охрид, ангажирани се на вакциналниот пункт на Здравствен дом Охрид, во кругот на Општата болница Охрид, се до затварање на пунктот на 28.04.2021 г.

2.Во првиот месец на 2021 година Црвен крст Охрид не наплатил од општина Охрид 400 илјади денари за волонтерска служба за достава на храна за време на епидемијата со Ковид-19, ниту пак ги наплаќа волонтерските ангажмани од страна на други правни субјекти или физички лица. Во опремување на вакциналниот центар Црвен крст Охрид не учествувал, ниту пак побарал финансиски средства како надомест од општина Охрид, ниту од било која установа.

3.За дипломата на Сашо Точков, Претседател на Црвен крст Охрид можете да се обратите во Министерството за здравство, односно министерот за здравство од кого Сашо Точков бил избран и поставен за директор на Центар за јавно здравје Охрид во август 2017 и во декември 2019 година.

4.Екипата на Црвен крст Охрид која денес беше упатена на вакциналниот пункт во СРЦ Билјанини извори беше составена од две полнолетни лица. Истите беа дочекани на влезот од лицето Сашо Денесовски кој со викање и погрдни зборови, во присуство на претставникот на Министерство за здравство и персоналот на Здравствен дом Охрид, ја избрка екипата на Црвен крст Охрид.

5.Црвен крст Охрид ниту добил 6 милиони денари од Општина Охрид, ниту има барање до општина Охрид за добивање на 9 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on