Црвен крст Куманово со телефонска линија за психолошка поддршка

Од:

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Куманово од утре ја става на располагање телефонската линија 076/787- 412 секој ден од 10:00 до 16:00 часот за прва психолошка поддршка за сите граѓани од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

– Лицата кои ќе се обратат ќе можат да добијат психосоцијална поддршка, изјави секретарот на општинската организација, Бојан Петрушевски.

Екипите на кумановскиот Црвен крст се вклучени и во општинската асистенција за набавка на намирници и лекови за болните и немоќни кумановци. Оваа опција функционира од пред извесен период и можат да ја користат повозрасните кумановци кои не можат самите да обезбедат храна и лекови. Тие можат да ја побараат услугата со телефонско јавување по што задолжените екипи се упатуваат го земаат списокот со намирници и лекови и купуваат во најблискиот маркет или апетка и со фискална сметка ги доставуваат до оваа категорија корисници на услугатa.

Би можело да ве интересира

Црвен крст: Собравме 102 милиони денари, извршена е исплата на сите семејства кои требаа да добијат помош

Канцеларијата на Црвениот крст во Газа е оштетена од проектили

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците