Деца од 8 до 10 години од различно етничко потекло денеска во Образовниот центар „Визија“ заедно со професионални графички дизајнери ги креираа своите пораки за мир.
Активноста беше дел од претстојниот 7. „Скопје постер фестивал“, кој годинава ќе биде на тема „Дизајн за мир“.
Цртежите изработени од децата ќе бидат основа за изработка на постери кои фестивалот ќе ги користи како промотивни материјали за своето најново издание.