Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ во посета на Скопје

Од:

Потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, на покана на неговиот колега вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Во текот на посетата потпретседателот Абазовиќ ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот заменик претседател на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, како и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Како што соопштија од кабинетот на Битиќи, двајцата вицепремиери ќе одржат состанок на кој ќе се разговара за економската соработка помеѓу двете земји, но и регионалната економска соработка и зголемување на регионалната конкурентност.

Битиќи и Абазовиќ, по средбата во Скопје ќе одржат заедничка прес-конференција, која акредитираните новинари ќе можат да ја проследат со онлајн видео вклучување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата ја опколи зградата каде што живее братот на Мило Ѓукановиќ

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски

Уапсени се Блажо Шарановиќ и Весна Братиќ

Абазовиќ бара предвремени избори во Црна Гора

Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ

Завиткано тело пронајдено во река во Црна Гора, рацете му биле врзани