Црногорскиот премиер Марковиќ во официјална посета на Македонија

Од:

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Во делегацијата, што ја предводи премиерот Марковиќ, се и Осман Нурковиќ, министер за транспорт, Предраг Митровиќ, амбасадор на Црна Гора во РМ, Александар Ераковиќ, главен политички советник на Претседателот на Владата на Црна Гора, Владимир Бератовиќ, советник за странски инвестиции и Срѓан Кусоваќ, советник за односи со јавност.

По пристигнувањето на скопскиот аеродром, црногорската делегација прде Владата на Република Македонија ќе биде пречекана со највисоки државни почести со интонирање на државните химни на двете држави, рапорт на командантот на почесната воена гардиска единица и меѓусебно претставување на државните делегации.

Според Програмата, предвидена е билатерална средба на македонската и црногорската делегација, како и тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Марковиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата ја опколи зградата каде што живее братот на Мило Ѓукановиќ

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски

Уапсени се Блажо Шарановиќ и Весна Братиќ

Абазовиќ бара предвремени избори во Црна Гора

Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ

Завиткано тело пронајдено во река во Црна Гора, рацете му биле врзани