Црна Гора: Бегал од полиција, се обидел да ја преплива Морача

Од:

Припадници на Центарот за безбедност во Подгорица денеска уапсија маж ВВ (50), кој избегал од пред Основното државно обвинителство и се обидел да ја преплива Морача, информира црногорската полиција.

– В. В., по сослушувањето кај државниот обвинител во Подгорица, под сомнение дека го извршил кривичното дело загрозување на безбедноста, избегал во насока на Морача, влегол во водата и се обидел да преплива на спротивната страна, се вели во соопштението.

Полицајци го фатиле и лишиле од слобода. За настанот е известен и надлежниот државен обвинител.

Би можело да ве интересира

Под притисок на ЕУ, Подгорица попушти: На Русите им се потребни визи за секој влез во Црна Гора

Земјотрес во Црна Гора

А1он

Земјотрес во Црна Гора во близина на Никшиќ

(ВИДЕО) Подгорица: Групи на маскирани млади мажи излегоа на улиците: Постојано викаа „Турци надвор“

ВИДЕО: Рации во Подгорица откако Турци избодоа млад човек, Црна Гора ќе го укине безвизниот режим

Убиен е еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“