ЦИВИЛ – Центар за слобода, на 16 ти август (вторник), со почеток од 12 часот во просториите на ЦИВИЛ, на ул. Максим Горки бр. 31/1, во центарот на Скопје, со почеток од 12,00 часот, ќе додели пет награди на граѓански новинари во рамки на јунскиот циклус „Биди граѓански новинар“ во рамки на проектот „Граѓански објектив“.
На настанот ќе се прикажат видео и фото материјалите кои пристигнаа на адресата на ЦИВИЛ во текот на месец јуни, кои сведочат за злоупотреби, притисоци врз малцинските групи во земјата, ефектот од политиката на актуелната политичка власт и црната кампања со која тие се служат за политички цели.
ЦИВИЛ веќе седум месеци ги наградува трудовите на граѓанските новинари, кои придонесуваат за подобрување на медиумскиот простор во Македонија.
Сите истражувачки стории, видео прилози, фотографии на граѓанските новинарки и новинари, се објавени на нашата веб страница се вистината со која треба да се соочи агресивната пропаганда на владејачкиот режим.
Во пресрет на утрешното доделување на награди, денес ЦИВИЛ одржува еднодневна обука за граѓански новинари, кои во практичниот дел на обуката имаат можност да подготват прилози кои ќе влезат во конкуренција за наградите што следниот месец ќе бидат доделени од комисијата составена од членови на тимот на ЦИВИЛ.
Проектот Граѓански објектив е поддржан од National Endowment for Democracy