ЦИВИЛ: Уште колку пати треба да дојде Комесарот Хан?

Од:

Триковите и половичното прифаќање на тимот обвинители на Специјалното јавно обвинителство, одолжувањето и пречекорувањето на договорениот рок за постигнување договор за Изборниот законик, за Законот за медиуми, за создавање анкетна комисија за содржината на прислушуваните разговори во Парламентот, како и други значајни договорени промени, се причините поради кои еврокомесарот Јоханес Хан повторно доаѓа во Скопје.

Лидерите на четирите најголеми партии на два пати го ставија потписот на договорите од Пржино со кои, меѓу другото, треба да се овозможат минимум услови за одржување слободни, фер и демократски избори, на 24 април 2016 година. Но, договореното упорно се изигрува.

Недостоинствено, непринципиелно и неприфатливо е кршењето на овој договор. Наместо да се посветат на исполнување на договорот за надминување на политичката криза зад кој стојат со двоен потпис, дел од политичките партии само ги засилија кампањата, партиските вработувања и злопотребите. Тие, уште од самиот почеток на процесот на спроведување на договорот од 2 јуни и 15 јули, покажаа дека енергијата ќе ја насочат кон нивна опструкција.

Каков и да биде резултатот од средбите кои денеска Хан ќе ги има со партиските лидери, убедени сме дека ова нема да биде негова последна посета врзана со убедување за почитување на договореното. Извесно е дека опструкциите ќе продолжат.

Затоа, ЦИВИЛ – Центар за слобода, останува цврсто на барањата за кои објави соопштение на 13 октомври. Според ЦИВИЛ, 24 април 2016 година не треба да биде конечен датум за одржување предвремени парламентарни избори и изборите да се одложат за еден месец, но тоа да не ги одложи другите договорени чекори, меѓу кои и оставката на Никола Груевски. Сметаме дека Груевски е најодговорен за кршењето на договорот и оддолжувањето на неговото спроведување, со што драстично го скуси периодот потребен да се спроведат реформи кои ќе овозможат барем минимум слободни избори.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски