ЦИВИЛ: Уметниците сликаа со боите на слободата

Од:

„Изложба „Боите на слободата“ во кампот Слободиште пред владата, 26 мај 2015, 19:30 часот

Боите на слободата е назив за серијата уметнички работилници кои ги иницира ЦИВИЛ – Центар за слобода, како дел од активностите во организација на коалицијата Граѓаните за Македонија. Во текот на празничниот викенд, повеќе уметници, сликаа на тема слобода во кампот Слободиште (#ЗбогумНикола) пред зградата на владата. Нивните дела ќе бидат изложени вечерва во 19:30 часот, пред владата.

„Живееме во време на неправди, насилства и тензии, гушење на слободата на говорот, окупација на јавниот простор, кршење на индивидуалните и колективните права и слободи. Живееме неквалитетен живот со вредности повампирени од мрачните времиња на човековата цивилизација. Живееме во време кога голем дел од уметниците и интелектуалците се само еден обичен запчаник во политичките машинерии“, се вели во предговорот кон публикацијата „Проговори“ – проект на ЦИВИЛ со уметниците во поддршка на човековите права и солидарноста.

Бунтот против автократијата и кршењето на човековите права е иманентен на уметниците и интелектуалците. Тие имаат општествена одговорност да се спротивстават на состојбите на загрозување на слободата на изразувањето, структурното насилство и дискриминацијата.

Токму тоа го направија уметниците во текот на изминатите неколку дена, преку своите уметнички дела создадени во кампот Слободиште пред владата“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски