ЦИВИЛ: Тепани имигранти на светскиот Ден на тортурата

Од:

Околу илјада сиријски имигранти тепани, исплашени и гладни, чекаат да ја преминат македонската граница. Тие во моментот се наоѓаат во зоната помеѓу грчиот граничен премин Евзони и македонскиот, Богородица.

ЦИВИЛ Медиа, во телефонски разговор со Р.М., еден од имигрантите, доби информација за тортурата која им ја врши македонската полицијата. Тој вели дека при обид да влезат во Македонија, полицијата ги тепа.

„Ако некој проба да влезе во Македонија , полицијата го удира силно и го враќа назад. Било кој од нас да проба влезе во Македонија, го враќаат, откако ќе го истепаат. Има повредени луѓе тука и заглавени сме, немаме каде да одиме. Околу илјада луѓе сме блиску до Гевгелија“, ни изјави тој.

Од друга страна, Иво Котевски, портпарол на Министерството за внатрешни работи на РМ, вели дека МВР постапува согласно на законите.

„Имаме засилен притисок од јужната страна од страна на илегални имигранти кои сакаат да преминат во Македонија. Ние ги преземаме сите законски мерки и обврски кои што ги имаме. Лицата кои ќе успеат нелегално да преминат во Македонија ќе бидат третирани согласно законот за азил“, вели Котевски.

ЦИВИЛ Медиа се јави и во Грчката амбасада во Македонија, од каде што не известија дека немало никаква тортура од страна на грчката полиција. Инаку, денеска е Меѓународен ден за поддршка на жртвите на тортура.

Би можело да ве интересира

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски