ЦИВИЛ: Со молкот на институциите и партиите се охрабрува тероризмот

Од:

Цивил – Центар за слобода најостро ја осудува серијата етнички и политички мотивирани напади на семејството Зеќири и бара итна реакција од сите релевантни фактори и институции во земјата. Овие напади се очигледно добро планирани и фокусирани на сеење страв меѓу населението и испраќа порака до сите што се неистомисленици, односно до сите што не ѝ припаѓаат на групата во чие име дејствуваат напаѓачите.

„Нападот со бомби и истрели врз домот на семејството Зеќири, имајќи ги предвид околностите и контекстот, се акт на тероризам и како такви треба да се третираат од страна на институциите.

Овие напади уште еднаш покажуваат дека изборното насилство предизвикува пролонгирана ерозија на безбедноста и функционалноста на институциите и нанесува ненадоместлива штета на меѓуетничките односи.

Зачудува отсуството на осуда од институциите и од партиските структури, со што го промовираат принципот на неказнивост за кривичните дела од омраза и охрабруваат понатамошни напади врз политичка или етничка основа“, се вели во соопшетението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски