ЦИВИЛ повикува: Пријавете политички притисоци и мобинг

Од:

ЦИВИЛ – Центар за слобода објави формулар за пријавување на политички притисок, мобинг или дискриминација. По зголемениот број пријави за различни видови политички мотивирани притисоци, закани, дискриминација, па и насилство, ЦИВИЛ дава уште една можност за онеправданите граѓанки и граѓани.

Формуларот има за цел откривање и превенција на политичките притисоци, дискриминацијата и мобингот со кој се соочуваат граѓанките и граѓаните.

Податоците од формуларот се чуваат во најстрога тајност.

Од моментот на пополнување на формуларот, претставник на ЦИВИЛ ги контактира граѓан(к)ите во рок од три дена. ЦИВИЛ ги повикува граѓаните да се јават и да закажат средба со претставник на организацијата на телефонскиот број 02/ 520 91 76.

ЦИВИЛ им се заблагодарува на граѓанките и граѓаните за големата доверба во организацијата.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски