ЦИВИЛ повикува на интегритет и одговорност!

Од:

ЦИВИЛ – Центар за слобода го повикува претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Велјановски, како и сите пратеници, да покажат интегритет и одговорност и да ја отповикаат неодамнешната одлука да се оди на избори на 24 април.

Одлуката за самораспуштање на Собранието и спроведување на избори за кои не постојат ниту минимум услови е еднострана и се коси со сите релевантни оценки на експертската јавност, на граѓанското општество и на меѓународната заедница која е гарант за спроведување на Договорот од Пржино за надминување на политичката криза.

Го поздравуваме чекорот кој дел од парламентарните партии го презедоа и ја поднесоа иницијативата за отповикување на одлуката за распуштање на Собранието. Сега, на потег се претседателот Велјановски и пратениците. Времето изминува!

Во своите неброени обраќања до јавноста и институциите, ЦИВИЛ претстави наоди и анализи кои говорат за невозможните услови во кои функционира македонската демократија. Во тој контекст беше и вчерашното соопштение за јавноста:

„Агонијата во која е втурната Република Македонија може да се прекине само со слободни избори, а за тоа неопходно е одвојување на партијата од државата, пречистување на Избирачкиот список, ослободување на медиумите од партиските стеги и владеење на правото, што подразбира непречено работење и на Специјалното јавно обвинителство.“

ЦИВИЛ бара од политичките елити да го забрзаат процесот за имплементација на Договорот од Пржино и да ги преземат итните чекори потребни за обезбедување услови за слободни избори, без досега добро познатите трикови, опструкции и злоупотреби на институциите на државата.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски