Цивил: Неприфатливо ниво на неинформираност на Комесарот Хан

Од:

„Цивил – Центар за слобода смета дека Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, со својата изјава во Вашингтон „покажа неприфатливо ниво на неинформираност за начините на кои се спроведени изборните процеси во Република Македонија“.

„Го повикуваме Комесарот Хан да ги прочита извештаите од изборното набљудување на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во 2013 и 2014 година, како и извештаите на ЦИВИЛ за овие изборни процеси.

Локалните избори во 2013 година, како и претседателските и предвремените парламентарни избори во 2014 година протекоа во знакот на масивна изборна манипулација, која беше придружена со потполна злоупотреба на државните и јавните ресурси и администрацијата, структурно насилство, корупција на гласачкото тело, притисоци и уцени на сите нивоа и во големи размери. Избирачкиот список е во катастрофална состојба и беше алатка во рацете на партиите на власт за манипулирање и решавачко влијание врз изборните резултати во 2013 и 2014 година.

Огромен број фантомски гласачи беа дел од изборната измама. Непостоечки гласачи, но и непостоечки влезови во згради, цели згради и станбени блокови се наоѓаат во Избирачкиот список. ЦИВИЛ и независните медиуми открија низа скандалозни случаи кои упатуваат на нелегално издавање на лични документи од Министерството за внатрешни работи. Ова се само дел од сериозните нарушувања на изборниот процес во Република Македонија, кои беа потврдени и од снимките од прислушуваните разговори, кои ги обелодени опозицијата од почетокот на оваа година.

Го повикуваме Комесарот Хан да ги преиспита своите ставови и да консултира поширок круг независни извори на информации на национално и меѓународно ниво“, порачува Цивил.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски