ЦИВИЛ: Нека ни е среќна Новата година на демократијата!

Од:

„ЦИВИЛ и низа други организации за човекови права забележаа уште тешка година за Република Македонија. Кршењето на човековите права, дискриминацијата и насилството беа одлика на целата година. Изборна измама, структурно насилство, етнички тензии и целосна медиумска контрола многу добро ја опишуваат годината што измина. Владата ги продолжи своите политики и практики кои ги загрозуваат човековите права и слободи, демократијата и владеењето на правото. Во земјава има неколку десетици политички затвореници, вклучувајќи и еден новинар. Листата продолжува.

Сепак, сите ние посведочивме и на раѓањето на надежта. Крајот на 2014 година ќе биде запаметен по будењето на студентската популација во земјата. Студентите и прогресивните граѓан(к)и излегоа на улиците. Наспроти сите медиумски манипулации и стигматизација, пркосејќи им на протосоците и заканите, дојде до масовен израз на незадоволство и револт против манипулативната и репресна влада. Серија други протести беа организирани од организациите на граѓанското општество и граѓанските иницијативи. Сите тие го означија почетокот на демократската пролет во декември 2014 година“, се вели во соопштението на Цивил.

 

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски