ЦИВИЛ: Не се создаваат услови за слободни избори на 5 јуни

Од:

Катастрофалната состојба на Избирачкиот список која ја утврдивме во изминатите години, сепак, покажува поинаква состојба. Поточно, Избирачкиот список е во уште полоша состојба од сите проценки и анализи на ЦИВИЛ во изминатите години.

Од ова произлегува дека, наспроти нашите оптимистички проценки дека експертскиот капацитет на ДИК ќе биде доволен, сепак, не веруваме дека има доволно време да се санира оваа катастрофална состојба. Особено ако се земат предвид и сите опструкции и други околности кои ја придружуваат целата состојба во Македонија.

ЦИВИЛ констатира континуирана злоупотреба и опструкции на спроведувањето на Договорот од Пржино, особено во поглед на слободата на медиумите и другите критични услови со кои треба да се обезбеди одвојување на партијата од државата и услови за слободни избори. По најновите сознанија за состојбата на Избирачкиот список, станува сосема јасно дека ќе биде невозможно да се обезбедат услови за одржување на предвремените парламентарни избори на 5 јуни.

Едноставно, мора да се размислува за исполнување на сите критични услови за спроведување на слободни избори во Макодонија, а потоа да се размислува за датум.

Оваа состојба во Македонија веќе одамна е неиздржлива ја урива довербата во институциите и во изборниот процес, со што ѝ се нанесуваат ненадоместливи и долготрајни штети на општеството и на државата.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски