Цивил: На ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не треба да им се дозволи организирање на избори

Од:

Македонија има потреба од вистински и сестрани демократски реформи. ЦИВИЛ – Центар за слобода се приклучи на коалицијата „Граѓаните за Македонија“ и целосно ги поддржува барањата и условите кои веќе беа презентирани на јавноста, на Владата и на меѓународната заедница. Тука е вклучено и барањето за оставка на Владата, ревизија на избирачкиот список, елиминирање на партиското влијание врз Македонската радио и телевизија и организирање на слободни и демократски избори. На сегашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски не треба да им се дозволи организирање на избори, со оглед на изборните измами спроведени во последните години од нивното владеење, велат од оваа невладина организација.

Тие се цврсто убедени дека дадениот рок за подготвување на предвремени парламентарни избори во април 2016 е премногу краток и нивна препорака е да се продолжи овој период до 18 месеци или повеќе, со цел да се создадат потребните услови за слободни избори, односно, тој период да се смета од денот на формирање на преодната влада.

Цивил – Центар за слобода имајќи го искуството во долгорочното набљудување на изборите и состојбата на човековите права и слободи во земјата, како и анализи на изборниот систем, нуди екпертиза и асистенција во областите неопходни за враќање на демократијата во земјата денеска ги обелодени приоритетните мерки кои треба да бидат земени предвид.

– Тоа е нов состав на Државната изборна комисија. Ревизијата на Избирачкиот список треба да биде спроведена од страна на независен орган составен од граѓанското општество и од домашни и странски експерти. Во однос на реформите на избирачкиот систем Македонија да биде една изборна единица, да има отворени листи и да се внесат екстра мерки за да се спречи изборен фалсификат. Да има суштински реформи во сферата на медиумската регулатива, да се формирање на специјална комисија која ќе ја истражи безбедносната криза во Куманово на 9 и 10 мај, да се формирање специјална комисија за истрага на наводите за криминал кои произлегуваат од прислушуваните телефонски разговори кои ги објави опозицијата, но и да има итни мерки за реформи во судството и во јавното обвинителстово, а со предвремени парламентарни да се одржат и предвремени локални и претседателски избори – нагласуваат од ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски