ЦИВИЛ: Конфекциските погони во Штип прогласиле работен ден за 17. мај

Од:

„Продолжуваат притисоците врз граѓаните да не излезат на протестите против владата, закажани за недела, 17 мај. Со злоупотреба на администрацијата и полицијата, власта на сите начини се обидува да ги попречи протестите, односно нивната масовност, со што го крши човековото право на мирен протест и слободата на изразување.

ЦИВИЛ веќе објави дека конфекциските погони во Штип прогласиле работен ден за недела, 17-ти мај, со што ги кршат работничките права.

ЦИВИЛ дојде до информации дека странскиот инвеститор Дрекслер-Мајер прогласиле работен ден утре, а според некои извори, тие што ќе работат в недела, ќе можат да одмараат в понеделник, кога се закажани контра-протестите организирани од власта. Истото се случува и во Штип.

Со ова, уште еднаш, власта покажува дека врши притисок и врз приватниот сектор и дека не оставила ниеден простор во кој таа не врши притисок, спротивно на Уставот и законите.

Од 36 автобуси со кои требало да се превезуваат учесници на протестите од Битола, за 28 од нив е откажан ангажманот. Слична е ситуацијата и во Прилеп и Велес. Од околу три илјади лица од Велес кои се пријавиле за сигурно учество на протестите во Скопје, само нешто над 1,000 од нив ќе може да го остварат тоа право преку средствата за јавен превоз, бидејќи голем број автобуси во Велес нема да се возат, бидејќи се резервирани и платени да не возат в недела.

Граѓани од Кичево се жалат дека во текот на изминатите денови и во текот на денешниот ден, се вршат притисоци и агресивна кампања од врата на врата.

За овие состојби и притисоци се подготвува детален извештај кој ќе биде доставен до јавноста и до меѓународните институции и дипломатски претставништва“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење