Граѓанската организација ЦИВИЛ денеска ќе ги додели награди за најуспешните фото и видео стории на, како што велат, граѓанските новинарки и новинари од изминатите два месеци.
Според организаторите, сите пет наградени стории во изминатите два месеца предизвикале бурни реакции во јавноста, но исто така, извршиле притисок врз институциите за решавање на проблемите за кои се зборува, од кршење на човековите и работничките права, до темите за социјална неправда, пречекорувања на овластувањата и негрижата на институциите.
Од ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да учествуваат во проектот „#ГраѓанскиОбјектив“, и да станат дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари ширум светот, кои го менуваат општеството со својот активизам.
Граѓански објектив е проект на ЦИВИЛ кој веќе втора година им отвора можност на граѓанките и граѓаните да ги објавуваат своите стории слободно и без цензура. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.