ЦИВИЛ: Изборите да се одложат за еден месец, а Груевски да даде оставка до крајот на годинава

Од:

Со оглед на изгубеното време, бараме да се одложат изборите за еден месец, но без одложување на оставката на Груевски, бидејќи доцнењето во спроведувањето на политичкиот договор, како и злоупотребите и кампањите, се должат на кршењето на тој договор, велат од невладината организавија „ЦИВИЛ – Центар за слобода“ кои бараат итно интензивирање на преговорите за изборниот законик и брзи резултатите затоа што, потсетуваат, дека роковите се веќе пробиени.

„Ние сме сведоци на еден бавен преговарачки процес и на опструирање на преговорите. Ако преговорите се одвиваат зад затворени врати, континуираната кампања не може да се скрие од очите на граѓанките и граѓаните. Истиот ден кога својот потпис го стави на првиот договор од 2 јуни за надминување на политичката криза, Никола Груевски ја интензивира својата кампања со злоупотреба на јавните ресурси и со максимална манипулација на јавното мислење преку медиумите кои ги држи под своја контрола“, тврдат од ЦИВИЛ.

„Вака повеќе не оди! Наспроти сите злоупотреби и криминали за кои слушнавме од прислушуваните разговори што ги обелодени опозицијата, наспроти сите извештаи на организациите за човекови права за тешките злоупотреби, киднапирањето на институциите, заробените медиуми, изборните измами и структурното насилство кое се спроведува со години, владејачките партии добија можност да учествуваат во процесот и преговорите за надминување на политичката криза во Република Македонија. Согласноста да ги испочитуваат препораките кои произлегуваат од Извештајот на Рајнхард Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, се потврди со потписите на лидерите на четирите најголеми партии на договорите за надминување на политичката криза од 2 јуни и 15 јули. Се потпиша и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој сѐ уште ја окупира премиерската позиција во земјава.

Но, Македонија сѐ уште чека на промени во Изборниот законик, реформи на Државната изборна комисија, нејзините тела и низа други реформи потребни да се обезбедат барем минимални услови за одржување слободни избори, закажани за 24 април 2016 година“, велат од невладината.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски