ЦИВИЛ ги повикува реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ да одговорат што се случувало и што се случува во партијата

Од:

„Реформите во ВМРО-ДПМНЕ за кои се залагаат дел од нејзините актуелни членови, го привлече вниманието на јавноста. На самиот почеток, реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ добија голема поддршка, но се соочија и со големи притисоци. Со години, работењето на оваа партија беше скриен зад превезот на тајноста и зад скапите медиумски кампањи.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повика реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ да одговорат на сите прашања и теми кои се отворија овие денови по нивните први јавни настапи.

Што навистина се случувало и сè уште се случува во ВМРО-ДПМНЕ? Кои се намерите и плановите на новите реформатори кои се охрабрија да проговорат? Со што се соочуваат? Има ли вистина во тоа дека се потпишувале бланко меници за лојалност? Колкава поддршка имаат? Дали препознале слични иницијативи и дали соработуваат со нив?

Тоа се само дел од прашањата кои тимот на ЦИВИЛ Медиа ќе ги постави на отворената трибина „Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ: Без табу теми!“ утре, на 17 јули 2017, во Клуб на новинари, со почеток во 11 часот.

Трибината е отворена за целата јавност. Медиуми, граѓански организации, заинтересирани граѓанки и граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ и на други партии се добредојдени да разговараат, прашуваат и споделат искуства и ставови на утрешната трибина. Дискусијата ќе биде модерирана, а секој од присутните ќе има по една минута за прашање или коментар, откако нашите соговорници ќе имаат воведни излагања и ќе одговорат на иницијалните прашања. Трибината ќе трае еден час и половина. На трибината не се дозволени провокации и говор на омраза. Сите добронамерни и заинтересирани се добредојдени.

И со овој настан, ЦИВИЛ се обидува да даде придонес кон развојот на политичката култура и обновувањето на дијалогот во општеството и ја поздравува храбрата одлука на реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ да проговорат“ се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Ристов: Во Конче најмладите ќе останат во фокусот, ќе обезбедиме бесплатен училишен прибор за секое првоодделенче и стипендии за најдобрите ученици и студенти

ВМРО-ДПМНЕ: Се разоткрија вистинските лица на политичката сцена, на едно место се собраа најголемите криминални интереси

Мицкоски: Граѓаните и Македонија се уморни од политичари како Венко, Али, Димче, тие прават коалиции за пари, ние за иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се ДУИ, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту мразат некого, ниту пак се албанофоби, Османи и ДУИ се тие кои ниту сакаат ниту почитуваат некого

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и човечност се два различни поими

(ВИДЕО) Стојкоски: Ѓорче доби осум нови спортски терени

Горан Наумовски