Прилозите пристигнати во текот на август ги оценуваше тричлена комисијата на ЦИВИЛ. Петте најуспешни трудови ќе бидат наградени со вредносни ваучери за набавка на фото, видео и компјутерска опрема.
Највисоката награда е ваучер во денарска противвредност од 110 долари. ЦИВИЛ досега додели 35 награди за граѓански новинарки и новинари од целата земја.
Секој што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, може да биде граѓански новинар и да се вклучи во проектот „Граѓански објектив“. ЦИВИЛ ги охрабрува граѓан(к)ите активно да се вклучат преку истражување и медиумски активности во развојот на граѓанското новинарство и алармирањето за сите нерегуларности кои влијаат врз политичката состојба, преку пријави на закани, учени, политичка корупција, поткуп на гласачкото тело, злоупотреба на јавни ресурси и администрација.
Преку текстови, видео, фото и аудио записи, ќе придонесете заеднички да ја зајакнеме јавната свест и да формулираме јавни барања за слободни избори, засновани на доказите на вашите истражувања преку онлајн активизам, теренска работа, медиумски и јавни настани.