Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Од:

Нема да вршиме влијание на граѓаните како да се изјаснат, тоа е нивно политичко и со закон загарантирано право, но сакаме сите да ги повикаме да излезат на референдум и да не дозволат никој да манипулира со нивниот глас и сите да им помогнат на здравите структури да се избориме со јазикот на омраза, со лажните вести, со спиновите и црната пропаганда.

Ова го истакнаа од Цивил центарот за слобода при денешната презентација на проектот во центарот на Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, насловен „Гласам, значи постојам“ .

Екипата на невладината „Цивил центар за слободи“ смета дека постојат одредени структури кои сакаат да ги заплашат граѓаните слободно да се изјаснат на референдумот на 30 септември.

– Мора да признаеме дека сепак постојат одредени структури кои се обидуваат да ги заплашат граѓаните, да им се заканат, па дури и да повикаата на насилство, што во секој случај не е изнесување на политички став, туку е обид за дестабилизација. Затоа ги повикуваме граѓаните и одговорните институции да преземат се што им е со закон загарантирано, против јазикот на омраза, против црната пропаганда и против заканите, изјави Синиша Станковиќ од „Цивил центарот за слободи“.

– Се работи за проект чија основна цел е охрабрување на граѓаните на Македонија да го исполнат своето легитимно право за изјаснување на едно многу важно прашање на референдумот на 30 септември. Ставот на Цивил центар за слобода е дека треба сите граѓани да излезат, а референдумот бидејќи се работи за едно од, можеби, судбоносните прашања за иднината на нашата држава и на следните генерации, на начинот на живот на кој тие ќе живеат. „Цивил центарот за слобода“ како невладина организација која речиси две децении се бори за човековите права и слободи и како мониторниг кој го врши последните изборни циклуси, од почетокот на потпишувањето на спогодбата помеѓу Македонија и Грција врши длабински мониторинг на комплетната општествено-политичка ситуација и сите наши сознанија ќе бидат пласирани во јавноста, појасни Станковиќ.

Проектот, кој е финансиран од Американската амбасада „Цивил центарот за слободи“ вчера го претстави во Гостивар, денеска во Битола, Могила и во Прилеп, а од утре проектот ќе се претстави во Источна Македонија и тоа во Кочани, Кратово, Крива Паланка и во Пробиштип. Досега проектот е претставен во Повардарието. Граѓаните може непречено да ги изнесуваат своите пораки за референдумот на 30 септември.

Невладината ќе излезе со анализите за периодот пред, за време и по референдумот.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов