ЦИВИЛ бара ослободување на студентите!

Од:

„ЦИВИЛ –  Центар за слобода бара веднаш да им се вратат телефоните на демонстрантите кои на 5 мај беа лишeни од слобода 24 часа. На демонстрантите  по ослободувањето, им беа одземени телефоните со аргумент дека ќе бидат потребни за понатамошната истрага.  Телефоните на притворените се земени без судски налог а тоа е кршење на закон.

ЦИВИЛ исто така, бара од ослободување на студентите од Студенскиот пленум за кои е покренато обвинение за кривично дело – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

Како поддржувач на граѓанската иницијатива „Протестирам“, ЦИВИЛ уште од 5 мај перманентно протестира и поради прикривањето на убиството на Мартин Нешковски, поради полициската бруталност и поради притворените демонстранти кои на 5 мај протестираа пред Владата“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски