ЦИВИЛ бара итен прогрес во преговорите и почитување на крајните рокови

Од:

Специјалниот јавен обвинител е една од најважните точки околу која се спогодија четирите водечки политички партии во Република Македонија, со посредништво на меѓународните дипломати на 2 јуни, допрецизиран на 15 јули. Еден ден пред крајниот рок да се постигне согласност за избор на специјален обвинител, очигледно, нема прогрес.

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара итен прогрес во преговорите и почитување на крајните рокови предвидени со политичкиот договор. Бараме таа „една од најголемите политички партии“ конечно да го прифатат договорот во полза на иднината на оваа земја. Претходно, меѓународниот посредник г. Питер Ванхуте изјави дека „една од најголемите партии“ не го почитува договорот.

Однесувањето на „едната од најголемите политички партии“ е неприфатливо.
Јавноста не мора премногу да размислува за да извлече заклучок која е таа политичка партија. Очигледно е дека премиерот Никола Груевски и неговата политичка партија го кршат договорот од самиот почеток.

Земјата веќе изгуби премногу време за надминување на еден од најголемите предизвици од осамостојувањето од југословенската федерација во 1991 година.
Ние, ЦИВИЛ – Центар за слобода, уште еднаш го упатуваме барањето да се продолжи крајниот рок за одржување на изборите, предвидени за 24 април 2016, бидејќи владејачките партии веќе ги пробија сите останати крајни рокови и го прекршија договорот. Владејачките партии го опструираат демократскиот процес кој треба да води кон зајакнување и деполитизација на институциите и создавање услови за слободни избори.

Затоа, на нашата земја ѝ треба повеќе време да се подготви за слободни избори, а пред сѐ, итна имплементација на политичкиот договор.

Нам ни е потребно времето кое, од час во час, го крадат владејачките партии, во незапирлива политичка кампања преку злоупотреба на моќта и јавните ресурси, притисоци, закани и медиумска манипулација. Тоа е времето украдено од граѓан(к)ите и од нивната иднина.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски