„Цивил“ апелира за мирни протести по пресудите за „Монструм“

Од:

„Цивил – Центар за слобода“ апелира за смиреност, разбирање и почитување на правото на протест, откако по изречените казни доживотен затвор за шестмина обвинети во случајот „Монструм“, преку социјалните мрежи беше упатен повик до граѓаните да излезат на протести „Против монтираните случаи“.

Во повикот за протест пишува: „против монтираните случаи, невините убиства, семејните малтретирања, етничката омраза и верската омраза“. „О, вие луѓе, ова не е само протест, туку е национална обврска да живееме со мотото: денеска кај соседите, утре дома.

Доколку не интервенираме денес кога неправдата достигна кулминација, тогаш нека останат без сон очите на страшливците“, се вели во објавата. Протестот е закажан за в петок, по пладневната молитва, кај комплексот Чаирчанка.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски