ЦИВИЛ: Апел за воздржување од меѓуетнички тензии по убиството на младото момче

Од:

Цивил-центарот за слобода апелира граѓаните да се воздржат од секакви меѓуетнички тензии по убиството на младиот А.П. од Ѓорче Петров и да и препуштат на полицијата да ја заврши професионално својата работа.

„Изразуваме жалење и сочувство до семејството за смртта на младото момче. Сметаме дека во овој момент е најважно лицето што го сторило убиството да биде изведено пред лицето на правдата согласно законите. Секое предизвикување тензии, особено на меѓуетничка основа, можат да го загрозат овој процес и да доведат до дополнителни ескалации на случувањата.

Оттаму, бараме да се почитуваат законите и пресумпцијата на невиност и да не се објавува името на осомниченото лице. Ги замолуваме граѓаните да одолеат на провокациите и на ширење омраза на меѓуетничка основа.  Во овој процес, посебна улога играат медиумите, па оттаму апелираме до медиумите кога известуваат за убиството да ги применуваат основните новинарски правила.

Цивил- центарот за слобода го осудува непрофесионалното и тенденциозно известување на дел медиуми кои го објавија името и етничката припадност на осомничениот, која е сосема ирелевантна за немилиот настан. Известувањето каде што како најважна информација се пласира различната припадност на жртвата и осомничениот убиец може да поттикне нов бран на етничко мотивирано насилство“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата