Ципрас: Се надевам ЕУ набрзо ќе сфати дека направи историска грешка

Од:

Ирационално е она што го стори Европската Унија и се надевам дека набрзо ќе сфатат оти направија историска грешка, која не треба да стане фатална, изјави лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за Крит ТВ, говорејќи за европската перспектива на Северна Македонија и Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас вели дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе се моли на изборите во Северна Македонија „да не дојдат на власт неговите истомисленици”, истакнувајќи дека „националниот и патриотскиот интерес“ велел дека треба да се постигне Договорот од Преспа.

Според него, решението постигнато со Договорот меѓу двете земји не може лесно да се урне.

– Не верувам дека е лесно да се урне Договорот (од Преспа), но влегуваме во перипетија, во непотребна перипетија. Ирационално е она што го стори Европската унија и се надевам дека е привремен неуспех. Се надевам дека набрзо ќе сфатат оти направија историска грешка. Грешка која не треба да стане фатална. И ова го велам знаејќи паралелно дека, за жал, Грција беше отсутна од консултациите и од се што се случи на Самитот минатата седмица, рече Ципрас, додавајќи дека се очекувало Грција, а не Данска и Холандија да имаат став и улога во дискусијата што се однесува на Балканот.

Поранешниот грчки премиер упати критики до актуелната Влада во Атина за ставот дека поради албанското население, кандидатурите на Северна Македонија и Албанија не треба да се раздвојат и запраша дали можеби на овој начин Грција индиректно не ја призна логиката на Голема Албанија.

Ципрас ја коментираше и позицијата на грчкиот премиер Мицотакис за Договорот од Преспа, нагласувајќи дека тој “велеше оти овој договор е штетен, катастрофален и предавнички, а сега вели дека треба да се придржуваме до него и да го почитуваме”.

– Сега ги следам случувањата и претпоставувам господинот Мицотакис ќе моли да не случајно се смени Владата (во Скопје) и господинот Заев да не ги загуби изборите во Северна Македонија и на власт да дојдат неговите истомисленици, оние кои ќе сакаат да му наштетат на Договорот. И ќе го гледам господинот Мицотакис, кој говореше за штетен договор, да моли за тоа колку е важен овој договор, нагласи Ципрас во интервјуто за критската телевизија.

Би можело да ве интересира

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Убиство што ја потресе Грција: Македонец призна дека ја уби исчезнатата 45-годишна жена

Голем пожар во Грција: 42 пожарникари, две пешадиски екипи, пет авиони и десет противпожарни возила се на терен

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина