Ципрас на Туск му ја истакнал важноста за отпочнување пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија

Од:

Ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство, напиша лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас на неговиот официјален профил на Фејсбук, по средбата со Доналд Туск.

-Ручек со претседателот на Европскиот совет. Разговаравме за претстојниот европски совет, за Брегзит и за бегалската криза. Му ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство. Ја потенцирав потребата да се искористат санкциите, за кои одлучивме на минатиот совет против Турција за нелегалните активности во кипарската ексклузивна економска зона. На крај, му се заблагодарив за нашата конструктивна соработка во изминатите четири и пол години, напиша Ципрас на Фејсбук и објави фотографии од средбата со Туск.

Претседателот на Европскиот совет се сретна и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а на средбата станало збор за темите што ќе се најдат на агендата на ЕУ Самитот, следната седмица, во Брисел.

Доналд Туск денеска и утре е во Атина за конференцијата „Athens Democracy Forum”, а вечерва имаше обраќање за време на отворањето.

Би можело да ве интересира

Магла на Плетвар, влажни коловози

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски